Новите лабораториски експерименти од Јапонија покажуваат дека ВA.2 може да има карактеристики што го прават способен да предизвика сериозни болести како постарите варијанти на ковид-19, вклучително и делта, објави Си-ен-ен
Вирусот BA.2 – подваријанта на варијантата на коронавирус oмикрон, не само што се шири побрзо од неговиот далечен братучед, туку може да предизвика и потешка болест и се чини дека е способен да спречи некои од клучните оружја што ги имаме против ковид-19, сгерира ново истражување.
Новите лабораториски експерименти од Јапонија покажуваат дека ВA.2 може да има карактеристики што го прават способен да предизвика сериозни болести како постарите варијанти на ковид-19, вклучително и делта. И, иако се чини дека омикрон голема мера го избегнува имунитетот создаден од вакцините, засилувачот ја обновува заштитата, што ја прави за 74 проценти помала веројатност за заболување по инфекција, објави Си-ен-ен.
БA.2 е исто така отпорен на некои третмани, вклучувајќи го и сотровимаб, моноклоналното антитело кое моментално се користи против омикрон.
Наодите беа објавени во средата како студија пред печатење на серверот bioRxiv, пред рецензија. Вообичаено, пред да биде објавена студија во медицинско списание, таа се проверува од независни експерти.
„Од човечка перспектива, тоа може да биде полош вирус од BA.1 и може да биде способен да се пренесува полесно и да предизвика полоша болест“, .
вели д-р Даниел Роудс, шеф на одделот за микробиологија во Клиниката Кливленд во Охајо.
Роудс ја прегледа студијата, но не беше вклучен во истражувањето. Американскиот центар за контрола и превенција на болести внимателно го следи BA.2, рече нивниот директор, д-р Рошел Валенски.
„Нема докази дека лозата BA.2 е потешка од лозата BA.1. Центарот продолжува да ги следи варијантите што циркулираат и на домашно и на меѓународно ниво. Ние ќе продолжиме да ги следиме новите податоци за сериозноста на болеста кај луѓето и наодите од трудовите како овој спроведени во лабораториски услов“,
рече Валенски.