Поднесено обвинение против четириесет и деветгодишен маж од Гостивар поради сторено кривично дело силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.
Како што информира, Основното јавно обвинителство Гостивар, обвинетиот на 19 декември околу 21 часот, со употреба на сила и закана, ја присилил на обљуба оштетената.
„Тој ја однел во својата куќа во Гостивар, каде што физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успеала да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција“,
се вели во соопштението на Обвинителството.
Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.
