Смит поднесе две кривични пријави против Трамп, од кои во едната е осомничен за нелегално задржување на доверлив материјал, а другата е поврзана со обидите на Трамп да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година
Американската федерална агенција (ОСЦ) отвори формална истрага против поранешниот специјален обвинител Џек Смит, кој водеше две кривични истраги против американскиот претседател Доналд Трамп по неговиот прв мандат во Белата куќа.

Истрагата е насочена кон тоа дали Смит прекршил закон што им забранува на федералните службеници да ги користат своите позиции за политички активности. Барањето за истрага е поднесено од американскиот сенатор Том Котон, републиканец од Арканзас.
ОСЦ е независна агенција што го истражува однесување на федералните службеници, но нема овластување да поднесува кривични обвиненија. Таа е различна од канцеларијата на специјалниот обвинител што претходно ја водеше Смит, која беше назначена од Министерството за правда за гонење кривични случаи.
Истрагата на ОСЦ е најновата во низата мерки што Трамп и неговите сојузници ги презедоа против оние што ги сметаат за политички непријатели.
Сенаторот Котон што го поднесе барањето за истага го обвини Смит за агресивно водење истраги против Трамп за да му наштети на неговата претседателска кампања.
Според него, Смит е политички актер кој се преправа дека е јавен службеник.
Смит поднесе две кривични пријави против Трамп, од кои во едната е осомничен за нелегално задржување на доверлив материјал, а другата е поврзана со обидите на Трамп да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.
Ниту еден од овие случаите не е на суд, откако Врховниот суд на САД им додели имунитет на поранешните претседатели.
Смит ги отфрли двата случаи откако Трамп победи на изборите, повикувајќи се на долгогодишната политика на Министерството за правда против гонење на актуелни претседатели.
Сепак, тој објави извештај во јануари годинава во кој се вели дека доказите што ги собрал би биле доволни за да го осудат Трамп.
Трамп негираше какво било незаконско дело и ги нападна обвиненијата како политички мотивирани обиди, со цел да наштетат на неговата кампања.