Од морнарицата изјавија дека нема тешко повредени членови на екипажот, а подморницата е оштетена, но е во оперативна состојба
Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект додека патролирала во Јужнокинеското Море, област каде што Кина има големи претензии, соопшти американската морнарица.
Подморницата „Конектикан“ удрила во непознатиот објект додека била под вода на 2 октомври попладне во меѓународните води во Индопацифичкиот Регион.
Од морнарицата изјавија дека нема тешко повредени членови на екипажот и нагласуваат дека безбедноста останува нивен главен приоритет. Подморницата, како што соопштија, е оштетена, но е во оперативна состојба.
Кина тврди дека има право на речиси целото Јожнокинеско Море и гради свои воени бази на малите острови во тој регион. САД и сојузниците, пак, редовно патролираат во тој дел со цел да потсетат дека имаат право на слободна пловидба, што од друга страна предизвикува незадоволство кај кинеските власти.
