Нема американски жртви во ноќешните напади врз двете бази во Ирак, Иран се повлекува, САД ќе воведатнови санкции кон Техеран, сојузниците да извршат притисок врз Иран во однос на нуклеарното оружје и остри критики за убиениот ирански генерал Касим Сулејмани, кого го обвини за смртта на илјадници американски војници.
Ова се петте клучни точки за кои американскиот претседател Доналд Трамп говореше на долгоочекуваната прес конференција по синоќешниот ракетен напад врз две бази во Ирак во кои се сместени американски трупи.
Подготвени на се
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска рече дека американските сили се „подготвени на се“, но дека засега се чини дека Иран нема да продолжи понатаму.
„Се чини дека Иран престанува, што е добро за сите засегнати страни и за светот“, рече Трамп.
Притоа тој потенцира дека во текот на нападите ниту еден Американец не е повреден.
Тој најави дека дека Вашингтон ќе воведе нови санкции спрема Иран, истакнувајќи дека воениот врв на САД и натаму ги разгледува начините на кои ќе одговори на ноќешниот ракетен напад од Републиканската гарда, но не откри какви ќе бидат.
„Нашите ракети се големи и силни, прецизни, смртоносни и брзи… Не сакаме да ги употребиме“, рече Трамп додавајќи дека силата на Америка, и економска и воена, е најдоброто средство за одвраќање.
Во изминатите десетина години САД во повеќе наврати го ширеа списокот на лица и организации кои се ставени на „црната листа“.
„Иран е главен спонзор на тероризмот и развива нуклеарно оружје кое претставува закана за слободниот свет. Врв основа на мојата наредба американските вооружени сили го елиминираа терористот Касим Сулејмани кој е одговорен за смртта на илјадници војници. Одговорен е и за смртта на еден и за ранувањето на четири американски војници неодамна во Ирак. Планираше нови напади у во тоа го спречивме“,
истакна Трамп.
Американскиот претседател рече рече и дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да направи нуклеарно оружје и ја обвини администрацијата на неговиот претходни Барак Обама дека со своите потези му овозможила на Иран да финанисиа развој на вакви ракети.
Трамп исто така кажа дека САД се водечки производител на нафта и на природен гас поради што на Американците „не им треба нафтата од Блискиот исток“.
За фактите за кризата меѓу САД и Иран, повеќе прочитајте од анализата ТУКА.