Поранешниот министер за здравство Костадин Ангелов, кој е пратеник на ГЕРБ во 47. Народно собрание на Бугарија, ги повика симпатизерите на неговата партија утре да учествуваат на протест пред зградата на бугарската Влада поради апсењето на експремиерот Бојко Борисов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред Генералниот директорат на Националната полиција на Бугарија се собраа поддржувачи на ГЕРБ и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ-УДФ, меѓу кои и лидерот на УДФ Румен Христов.
Адвокатот на Бојко Борисов, Менко Менков, со својот клиент влезе во зградата на Генералната управа на полицијата во Софија.
Претходно полицијата го приведе бугарскиот експремиер Бојко Борисов, како и уште неколку поранешни бугарски фунцкионери во голема заедничка акција на европското обвинителство и националната полиција, поради 120 случаи за злоупотреба на фондови на Европската Унија.