Вкупно 398 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје, а 527 во ковид-центрите низ државата
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 925 и има околу 800 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Вкупно 398 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.
„Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 337 слободни места. Се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места“.
велат од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ внатрешноста на земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.
