Според лекарите, како што пишува во соопштението од ОЈО Куманово, жртвата не е во животозагрозувачка состојба, но ѝ се предизвикани тешки телесни повреди
Поведена е истражна постапка против 25-годишно лице кое во алкохолизирана состојба во семејниот дом во Крива Паланка се обидело со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член на неговото семејство, информираат од Основното јавно обвинителство Куманово.
„Во алкохолизирана состојба, осомничениот влегол во расправија со жртвата, а потоа и физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ три убодни рани со нож во вратот“,
велат од ОЈО Куманово.
Според лекарите, како што пишува во соопштението од ОЈО Куманово, жртвата не е во животозагрозувачка состојба, но ѝ се предизвикани тешки телесни повреди.
За лицето е побарано да се определи мерка притвор.