Од денеска почнува скринингот на вработените во градинките, како и на одредени ризични категории. Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека ќе почнат со вработените од градинките, кои се близу 2 000, со цел изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.
„Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растоварени, од среда почнуваме со масовен скрининг, најпрвин со вработените во детските градинки“,
најави Филипче.
Скринингот се планира да се прави со истите ПЦР-тестови како и досега, а целта е со ПЦР-техниката да се идентификуваат асимптоматските носители.
Според планот, со скринингот треба да бидат опфатени вработените во градинките, болниците, домовите за стари лица, пациентите со хронични болести, пациентите на биолошка терапија, вработените во ЈСП и други од десетината ризични групи.
