Со помош на вакцините и постоечките мерки, бројката на новозаболени од коронавирусот, после празниците не би требало да се зголеми, вели директорот на Гратската општа болница „8 Септември“, д-р Кристијан Костов, кој апелираше граѓаните да се вакцинираат што е можно побрзо.
Костов апелираше и празниците да се прослават во домашни услови и да се почитуваат мерките за носење маска и држење дистанца што е можно повеќе.

„Секој угостителски објект си има свој протокол на пристап на вакцинирани луѓе, има свој протокол колку гости може максимум да бидат присутни во кафеаната и сметам дека треба да се придружуваат на сите овие протоколи што се препишани за кафанското работење, за дружбата во домашни услови сè со цел да некако немаме поголеми последици. Верувајте дека најголем процент од болните коишто завршуваат со летален исход се пациенти невакцинирани“,
додава тој.
Во однос на состојбата во ГОБ „8 Септември“, директорот истакна дека во последните два месеци бројката на хоспитализирани се движи околу 50-ина пациенти.
„Кај нас гравитираат пациенти, главно 85 проценти доаѓаат од другите болнички установи, со влошена клиничка слика. Најголем процент, односно, речи сите се на кислородна поддршка и интензивниот оддел е секогаш полн. Голем процент се на респиратор и главно популацијата т.е. возраста е од 30-тина години нагоре‘,
појасни директорот.