Седумдесет и едногодишната Н.Џ. била пронајдена почината на улица во Велес, информира полицијата. Според нивните информации, на телото на починатата немало видливи траги на насилство.
Настанот бил пријавен вчера во 4:50 часот од страна на Б.Т., случаен минувач на улицата „Вера Циривири“ ,кај месноста Поток од левата страна на градот.
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, при вршење на увид од страна на полицијата, жената била идентификувана, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.