По наредба на јавен обвинител, телото на 44-годишникот е дадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта
Четириесет и четиригодишен маж од Скопје со иницијали Е. Е. утринава околу 6 часот бил пронајден починат пред поликлиниката „Ченто“, информира Министеството за внатрешни работи (МВР).

Лекарска екипа констатирала смрт кај мажот, без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, како што информираат од МВР, телото на 44-годишникот е дадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.
