Во изминатото деноноќие починале 24 пациенти со ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Меѓу нив се петмина пациенти кои биле на возраст од 40 до 50 години: двајца имале по 41 година, а останатите по 40, 45, 47 и 48 години.
По градови, најголем дел од починатите биле од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г). Четворица од Скопје (76, 62, 67 и 70г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), по еден од Куманово (64г), Штип (87г), Охрид (89г), Крива Паланка (47г), Крушево (60г), Кочани (41г), Македонски Брод (40г) и Виница (66г).
Сите се починати во болнички услови.
Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата во нашата земја изнесува 1 511.