Жената се здобила со сериозни, опасни по живот повреди на главата и била пренесена во тешка состојба во Клиниката за итна медицинска помош во Сараево, каде што, и покрај брзата интервенција на лекарите и продолжената реанимација, починала
Почина жена во Сараево откако врз неа паднало дрво со насобран снег, информираат босанските медиуми. Настанот се случил во сараевска населба Грбавица.

Според сараевската Итна медицинска помош, бор висок повеќе од 10 метри паднал врз жена од околу четириесетина години, по што таа починала.
Жената се здобила со сериозни, опасни по живот повреди на главата и била пренесена во тешка состојба во Клиниката за итна медицинска помош во Сараево, каде што, и покрај брзата интервенција на лекарите и продолжената реанимација, починала.
Лекарите посочија дека повредената жена била жива кога нивната екипа пристигнала на местото на несреќата, како и дека интервенцијата била извршена за многу кратко време, но за жал, и покрај сите напори, исходот бил фатален.
Како што пренесуваат босанските медиуми, дрвото паднало поради снегот што ги оптоварил неговите гранки.
Tragedija na Grbavici: Preminula žena na koju je palo stablo … pic.twitter.com/GlBu1qcn4s
— Vijesti.ba (@Vijesti_ba) January 5, 2026
Инаку, изминатото деноноќие во Босна и Херцеговина наврнаа значителни количини снег, што предизвика проблеми во транспортот.
Пријавени се бројни сообраќајни несреќи и прекини во сообраќајот поради замрзнати патишта и паднати дрвја.
Од утрово во Сараево наврна снег од 40 сантиметри.
