Илија Пенушлиски е син на Кирил Пенушлиски, истакнат македонски фолклорист роден во Солун. Тој беше сопруг на Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи на Македонија и пратеничка од редовите на СДСМ, која почина на 31 јули 2022
Неговите дела често беа инспирирани од градската динамика, архитектурата и современиот начин на живот, при што користеше богата колористика и експресивен пристап
Сликарот, Илија Пенушлиски, кој остави извонреден белег во македонската ликовна уметност, почина на 79-годишна возраст.

Веста преку објава на социјалните мрежи ја соопшти неговиот син, Илија Митрев-Пенушлиски.
„Татко ми почина вчера. Живееше без преправање, без оклоп, непропустлив за бучавата на времето. Живееше со длабок хуманизам, незаситна љубопитност, желба за живот и непоколеблива луцидност и присутност. Немаше никаква приврзаност кон нештата – само кон идеите, креацијата и луѓето. Беше исклучителен уметник, познат на многумина, но рамнодушен кон тоа да биде познат. Неговите идоли беа уметници, каубои, пијаници и Хозе Мухика“,
напиша Митрев-Пенушлиски.
Илија Пенушлиски е син на Кирил Пенушлиски, истакнат македонски фолклорист роден во Солун. Тој беше сопруг на Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи на Македонија и пратеничка од редовите на СДСМ, која почина на 31 јули 2022.
Илија Пенушлиски е роден во Скопје во 1947 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, насловена „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работеше со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.
Неговите дела често беа инспирирани од градската динамика, архитектурата и современиот начин на живот, при што користеше богата колористика и експресивен пристап.
