Шеесет и четири годишниот уролог од Тетово Арификмет Деари починал во „8 Септември“, каде бил хоспитализиран поради невролошки проблеми, но бил и позитивен на ковид-19
Во ГОБ „8 Септември“ починал д-р Арификмет Деари од Тетово, кој е првиот лекар кој почина од компликации од коронавирусот, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Се работи за 64-годишен уролог од Тетово, кој починал по 15 дена болничко лекување.
„Д-р Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста. Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство“,
напиша Филипче.
Тој упати апел до колегите здравствени работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него и до граѓаните да ги почитуваат мерките, за да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.
