На 99-годишна возраст почина принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора.
Здравствената состојба на принцот Филип веќе некое време се влошуваше. Тој најави дека се повлекува од кралските ангажмани уште во мај 2017 година, а негов последно појавување во јавноста беше една година подоцна.

Тој поголемиот дел од своето време го поминуваше на имотот во Норфолк, а заедно со кралицата се пресели во замокот Виндзор за време на минатогодишниот карантин поради ковид-19. Минатата година во ноември парот ја прослави и 73-годишнина од бракот.
Денеска знамињата низ Велика Британија се спуштени на половина копје во знак на жалост.
