На 67-годишна возраст почина македонскиот актер Митко Апостоловски.
Апостоловски беше роден на 7 март 1965 година, а дипломирал на Отсекот за драмски глумци на Вишата музичка школа во Скопје.
Во неговата кариера работеше во Народниот театар во родната Битола и во Народниот театар во Куманово.
„Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот, почитуван колега!“,
објавија од Народниот театар Битола.
Тој е познат и по бројни телевизиски проекти, меѓу кои и улогите во Македонските народни приказни, Светот на бајките, како и во филмовите „Трето полувреме“, „Последниот Македонец“, „Бог да ги убие шпионите“, „Година на мајмунот“ и многу други.