Јонуз беше активен во политичкиот живот во земјава и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите
По кратко боледување, попладнево во Скопје, на 63-годишна возраст почина политичкиот аналитичар, колумнист и поранешен портпарол на Владата, Агим Јонуз.

Јонуз беше активен во политичкиот живот во земјава и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Му беше советник на поранешниот претседател на Собранието, Љупчо Јордановски, како и на поранешниот премиер Владо Бучковски.
Како роден и пораснат во скопски Чаир, тој секогаш се залагаше за соживот и за просперитет на државата.
Изминатите денови неговите пријатели, соработници и поддржувачи изразуваа поддршка и надеж дека Јонуз ќе ја извојува битката со здравјето, откако во јавноста беше соопштено дека тој се наоѓа на болничко лекување.
За смртта на Јонуз, на социјалната мрежа Фејсбук објави неговиот син.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, на 26 октомври, на гробиштата во Бутел.
