По кусо и тешко боледување, на 60-годишна возраст, почина Јулијана Тануровска, долгогодишна новинарка и уредничка на Сателитската програма на Македонската радио-телевизија.
Својата новинарска кариера ја почна во Македонското радио, а потоа ја продолжи во МТВ. Во деценискиот новинарски ангажман најмногу се фокусираше на теми поврзани со образованието, црквата, религиите.
Погребот ќе се одржи утре на Градските гробишта во Бутел.