Медлин Олбрајт, првата жена на функцијата државен секретар на САД, почина од рак на 84-годишна возраст, објави нејзиното семејство.
Олбрајт беше родена на 15 мај 1937 година во Прага, а функцијата државна секретарка ја извршуваше во периодот од 1996 до 2000 година, за време на вториот мандат на Бил Клинтон како претседател на САД.

Пред ова, таа беше и амбасадорка на САД во Обединетите нации.
Олбрајт важеше за експерт за меѓународна политика и врвен дипломат, се залагаше за проширување на НАТО, намалување на ширењето на нуклеарното оружје и беше вистински борец за човекови права.
Таа беше и професорка по меѓународни односи на Волш факултетот за надворешни работи при Џорџтаун Универзитетот.
