Четириесет и четиригодишниот Беким Бајрамоски од струшкото село Лабуништа, по кратко обледување со ковид-19 вчера почина во градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Бајрамоски речиси две децении работеше како техничар во локалната струшка телевизија „Спектра“.
„Започна со работа во 2003 година како техничар па до денес, скоро сите телевизиски преноси и снимки од секакви манифестации ги работеше токму тој. Беше тивок и благороден човек и со својата добрина и срамежливост запленуваше во својата околина. Беким зад себе остави бројни потписи и присуства зад многу настани и организации“,
соопштија од Тв Спектра.
