Ли Венлианг, лекарот кој се обиде да го предупреди светот за појавата на коронавирус, почина во болница како последица од него.
Венлианг работел во централната болница во Вухан, а уште во декември минатата година се обидел да ги предупреди своите колеги за појава на вирусот. Набрзо бил посетен од полицијата поради „ширење гласини“ и добил наредба да молчи. Лекарот бил свикан и од Бирото за јавна безбедност каде му било дадено да потпише писмо, во кое е обвинет за давање лажни информации.
Од вирусот досега се регистрирани повеќе од 560 смртни случаи, а повеќе од 28 000 луѓе во Кина се заразени.
Светската здравствена организација денеска соопшти дека е првиот ден кога е намален бројот на нови случаи, но дека прерано е да се каже дека епидемијата ја достигнала својата кулминација.