Поранешниот државен секретар на САД, Колин Пауел, почина денеска на 84-годишна возраст. Според првичните информации, Пауел починал од компликации предизвикани од ковид-19.
Тој беше првиот Афроамериканец на функцијата државен секретар. На оваа позиција беше во периодот од 2001 до 2005 година во администрацијата на претседателот Џорџ Буш Помладиот. Пред политичкиот ангажман, Пауел имаше богата воена кариера во која дојде до чинот генерал и беше началник на Генералштабот на армијата на САД.

Пауел, како државен секретар, го посети Скопје во екот на кризата во 2001 година за непосредно да ја прати пораката дека САД го поддржуваат територијалниот интегритет на Македонија.