Тој неколку месеци имал кревко здравје и не се појавуваше во јавноста. Последните снимки се кога одеше да ја прими антиковид вакцината во болница и прославата на неговиот 90-ти роденден во Кејп Таун во октомври
Надбискупот Дезмонд Туту, добитник на Нобеловата награда за мир и истакнат ветеран во борбата против апартхејдот во Јужна Африка, почина на 90-годишна возраст, објави јужноафриканскиот претседател.
„Смртта на мирниот надбискуп Дезмонд Туту е уште едно тажно поглавје во збогувањето на нашата нација со членовите на генерацијата Јужноафриканци кои не задолжија и ја ослободија Јужна Африка“,
рече претседателот Сирил Рамафоса.
Во соопштението од Кабинетот на Рамафоса, за Туту уште се наведува дека бил „човек со извонредна интелигенција, интегриран и непобедлив против силите на апартхејдот, полн со сочувство кон оние кои страдаа од притисок, неправда и насилство под апартхејдот, како и кон угнетените и угнетувачите ширум светот“.

Бискупот неколку месеци имал кревко здравје и не се појавуваше во јавноста, но секогаш со насмевка ги поздравуваше камерите кога се движеше некаде, а последните такви снимки се кога одеше да ја прими антиковид вакцината во болница и прославата на неговиот 90-ти роденден во Кејп Таун во октомври.