Глигорие Гоговски почина денеска во Тетово на 79-годишна возраст. Тој беше претседател на последната Влада на Социјалистичка Република Македонија, тогашниот Извршен совет и премиер на преодната Влада што ги подготви првите слободни и повеќепартиски избори.
Гоговски е роден во Тетово во 1943 година. Дипломирал на Електромашинскиот факултет во Скопје во 1968 година, а магистрирал на Универзитетот во Загреб.
Тој беше долгогодишен генерален директор на волнарскиот комбинат „Tетекс” oд Тетово и претседател на Надзорниот одбор на „ТТК Банка“ АД Скопје.
Гоговски е една од најистакнатите и најценетите личности од стопанскиот, општествениот и политичкиот живот во земјава.
Глигорие Гоговски ќе биде погребан утре во 13 часот на гробиштата во Тетово.