Како што пренесуваат американските медиуми, младата гардистка починала во болница. Другиот ранет припадник на гардата, Ендру Волф (24), наредник на американските воздухопловни сили од Мартинсбург, останува во критична состојба
Почина Сара Бекстром, една од двајцата припадници на Националната гарда што завчера беа застрелани во Вашингтон, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.

Како што пренесуваат американските медиуми, младата гардистка починала во болница. Другиот ранет припадник на гардата, Ендру Волф (24), наредник на американските воздухопловни сили од Мартинсбург, останува во критична состојба.
„Сара Бекстром од Западна Вирџинија, една од припадничките на Националната гарда, почитувана, млада и прекрасна личност, штотуку почина. Таа повеќе не е со нас“,
рече Трамп во своето прво обраќање во живо по пукањето во близина на Белата куќа.
Дваесетгодишната Сара Бекстром и се приклучи на службата во јуни 2023 година и беше дел од 863-та воена полициска чета.
Двајцата гардисти беа распоредени во мисијата „Безбедно и убаво“ во Вашингтон и се застрелани пред два дена, помалку од 24 часа откако им беше доделен задача да вршат патрола во градот.
Осомничениот напаѓач, Рахманула Лаканвал е авганистански државјанин, за кого ЦИА соопшти дека соработувал со американските сили за време на војната во Авганистан. Во инцидентот и тој е ранет и останува во болница.
Инаку, по инцидентот во кој беа застрелани двајца припадници на Националната гарда во Вашингтон, недалеку од Белата куќа, Трамп се огласи на неговата социјална мрежа Трут соушл.
„Двајца војници се сериозно ранети“,
напиша претседателот Доналд Трамп, кој беше во Флорида за Денот на благодарноста.
Тогаш посочи дека и сторителот е сериозно ранет, како и дека „ќе плати скапо“ за своето дело.
Поради тој инцидент, во Белата куќа се воведени најстроги безбедносни мерки.
