Светски реномираниот лекар е роден во Индијана во 1936 година, а има потекло од Северна Македонија. По него е именувана гостиварската болница, а е почесен граѓанин на Општина Чаир и почесен доктор за науки на Државниот универзитет во Тетово
На 86-годишна возраст, на 4 септември годинава, во својата резиденција во САД почина светски познатиот лекар и нобеловец по медицинска физиологија – Ферид Мурад.
Светски реномираниот лекар е роден во Вајтинг, во американската сојузна држава Индијана во 1936 година, а има потекло од Северна Македонија. По него е именувана гостиварската болница, а е почесен граѓанин на Општина Чаир и почесен доктор за науки на Државниот универзитет во Тетово.

Мурад во 1998 година ја доби Нобеловата награда за медицина и физиологија. Награден е со најголемото признание за откривање на улогата на азотниот оскид на кардиоваскуларниот систем, што денеска наоѓа голема примена во медицината.
Како професор по медицина и здравствени науки во Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, Мурад добил и многу други награди, меѓу кои наградата за основни медицински истражувања „Алберт и Мари Ласкер“, наградата „Циба“ на Американското друштво за срце и наградата „Бахтер“ за истакнати истражувања во биомедицински науки од Друштвото на американските колеџи по медицина.
Беше член на повеќе меѓународни здруженија и асоцијации, а има објавено повеќе книги и статии во реномирани светски списанија.
