До подвигот на Баумгартнер во 2012 година, се сметаше за невозможно да се скокне од стратосферата на 39 километри одалеченост од Земјата и да се дистигне брзина од 1,357 километри на час

Феликс Баумгартнер, првиот човек кој скокна од вселената и ја проби звучната бариера почина денес во несреќа со параглајдер во Италија.
Екстремниот спортист го загуби животот на 56 годишна возраст.
Баумгартнер ја загубил контролата врз параглајдерот со кој летал, по што паднал во базен во Порто Сант Елпидио.
Во 2012 година Австриецот на 43 години скокна од вселената, а сето тоа беше спонзорирано од Ред Бул.
До неговиот подвиг се сметаше за невозможно да се скокне од стратосферата на 39 километри одалеченост од Земјата и да се дистигне брзина од 1,357 километри на час.
Тој излезе од капсулата во вселената и направи подвиг со кој стана првиот човек кој успеал да патува побрзо од брзината на звукот надвор од вселенско летало.
Со тоа Баумгартнер и помогна на НАСА во идните безбедносни протоколи за летови во вселената, нешто што беше наведено и во истражувањето на “Journal of Aerospace Medicine” во 2013 година.
Проектот кој се подготвувла повеќе од пет години, тогаш помина речиси совршено, а скокот беше пренесуван во живо и милиони луѓе сведочеа на неговиот потег.
Феликс Баумгартнер ќе остане запаметен во заедницата на екстремни спортисти како еден од најхрабрите и човекот кој го направи невозможното.
