Форман ја одигра најпознатата битка со Мухамед Али познатата како „Rumble in the Jungle“ во 1974 година

Двократниот боксерски шампион во супертешка категорија и златен олимпиец, кој можеби најмногу е познат по ривалството со Мухамед Али, Џорџ Форман, почина на 76 години.
„Нашите срца се скршени, со голема тага објавуваме за смртта на нашиот сакан Џорџ Едвард Форман Постариот кој почина на 21 март 2025 опкружен со најблиските… живееше живот со неизмерна вера, доблест и цел“,
се вели во објавата за неговата смрт.
Форман ја одигра најпознатата битка со Мухамед Али познатата како „Rumble in the Jungle“ во 1974 година. Буквално доминираше осум рунди, но во деветтата беше соборен од Али.
Форман во кариерата имаше 76 победи, од кои 68 со нокаут, што е двојно повеќе од Али, кој речиси сите го сметаат за најголем во историјата на овој спорт.
Џорџ Форман се повлече од боксот во 1997 година пред да почне да промовира скара со неговото име и му донесе дополнително богатство.
