Четириесет и осумгодишниот диџеј Ицко ја изгуби борбата со коронавирусот по неколкудневно боледување.
Ристо Меловски, кој на јавноста ѝ беше познат како диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“, почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје.
Тој беше сопруг и татко на две деца.
Диџеј Ицко на клупската сцена во земјава опстојува повеќе од 15 години и тој е синоним за електронската и прогресивна музика во земјава. Тој десетина години беше дел тимот на радиото Антена 5.
Се смета дека Ицко има голем придонес во развојот на електронската сцена во Македонија и преку создавањето на музиката и преку неговите радиски емисии.