Повеќе медиуми јавуваат дека по падот од моторот, тој бил во кома, по што им подлегнал на повредите

Почина Душко Чифлиганец – син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец и заменик претседател на „Адора бизнис групација“. Несреќата се случила на мото трка во Брно, Чешка.
Повеќе медиуми јавуваат дека по падот од моторот, тој бил во кома, по што им подлегнал на повредите.
Освен по активното работење во семејните фирми, тој е познат и по неговата пасија за спортскиот моторциклизам, за што има освојувано и престижни награди.
Чифлиганец е економист по професија, а се образувал и живеел во Дубаи.