Од Драмски театар соопштија дека вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј ќе биде изведена во негова чест
На 67-годишна возраст денеска почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков, соопшти неговата матична куќа Драмскиот театар од Скопје, каде што го помина целиот работен век.

Роден на 27 март 1958 година, Манасков дипломирал на Факулетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1983 година работеше како актер во Драмски театар-Скопје каде остана сè до неговото пензионирање во 2022 година.
Од Драмски театар соопштија дека вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј ќе биде изведена во негова чест.
„Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!“, наведуваат од Драмски театар.
Манасков ќе остане познат по своите улоги во „Исцелител“, „Сенки“, „Трст виа Скопје“, „Еурека“, „Солунски патрдии“, Македонски народни приказни, „Преспав“, „Пусто турско“.
