На 64-годишна возраст синоќа почина актерот Борис Комнениќ, јавија медиумите во Србија, посочувајќи дека актерот се борел со тешка болест.
Првенецот во Народниот театар во Белград, Борис Комнениќ, е роден во 1957 година во Пула, но со семјството во раната младост се преселил во Белград.
Средното училиште го завршил во родниот град, па се запишал на Факултетот за драмски уметности, а станал член на Народниот театар во 1984 година.
Негова најпозната улога е ликот на Саша Гуза Попадиќ во популарната серија „Бољи живот“, а меѓу филмските и телевизиските наслови во кои тој играше се „Бал на води“, „Шпадијер један живот“, „Штрковите ќе се вратат“, „Мирисот на дождот на Балканот“, „Апофенија“ и други.
Прогласен е за првенец на Народниот театар уште од 1984.