Нему му се приклучија и локални структури кои одбија да се пазарат со актуелната власт, објавија од Алијанса на својот фејсбук-профил
Градоначалникот на Студеничани од редовите на ДПА, Азем Садику, премина во партијата Алијанса за Албанците. Ова, заедно со фотографија на која се лидерот на Алијанса, Зијадин Села, и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го објавија од партијата на својот фејсбук-профил.
„Градоначалникот на Студеничани, г. Азем Садику, сега е дел од големото семејство на Алијанса за Албанците. Нему му се приклучија и локални структури кои одбија да се пазарат со актуелната власт. Правото и честа триумфираа!“,
се вели во објавата на Фејсбук.