Министерот за здравство Венко Филипче во моментов е на состанок со Комисијата за заразни болести откако земјава забележа зголемување на бројот на нови случаи со ковид-19.
Од неговиот кабинет во кратко соопштение информираа дека на консултациите што се прават се анализираат актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на случаи, а повеќе детали најавија по средбата.
Денеска во земјава беа регистрирани дури 225 новозаразени, што е втора највисока бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата. Единствено повеќе заразени имаше на 19 јули – вкупно 240 нови случаи за 24 часа.
Во моментов во земјава се активни 2 450 случаи.