Вучиќ во саботата попладне беше примен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград откако ненадејно му се слоши за време на посетата на САД, по што е побарана медицинска помош и по прегледот е донесена одлука да се врати во Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 7 мај, в среда, ќе се врати на своите работни обврски откако пред два дена при посетата на Соединетите Американски Држави (САД) ненадејно му се слоши, по што итно беше вратен во Србија и примен на Воено-медицинската Академија (ВМА), објави српска „Политика“.
„В среда ќе има средби со рускиот и британскиот амбасадор во Србија“,
пишуваат српските медиуми.
Вечерта истиот ден се очекува српскиот претседател да има обраќање пред граѓаните.
Вучиќ во саботата попладне беше примен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград откако ненадејно му се слоши за време на посетата на САД, по што е побарана медицинска помош и по прегледот е донесена одлука да се врати во Србија.
Според докторите, за време на престојот во САД, претседателот Вучиќ почувствувал силна болка во градите што траела неколку секунди.
И покрај противењето на лекарите од Америка, тој решил да се врати во Србија.