Реакцијата на официјален Техеран следува откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војската на САД не ни почнала да го уништува она што останало од Иран, заканувајќи се дека ќе ги нападне мостовите, па електраните во земјата
Техеран предупреди дека ќе ги прошири нападите низ целиот регион доколку Соединетите Американски Држави ги исполнат заканите за напад врз инфраструктурата на земјата, вклучително и електраните.

„Допрете ја нашата инфраструктурата и ќе го уништиме целиот ваш имот, како и инфраструктура во регионот“,
рече Ебрахим Золфагари, портпарол на иранскиот централен штаб Хатам ал Анбија.
Тој рече дека предупредувањето е одговор на изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговите последни закани за уништување на мостовите, електраните, електричната и енергетската инфраструктура на Иран.
Золфагари додаде дека доколку се спроведат ваквите закани, вооружените сили на Иран ќе ги таргетираат енергетските и економските локации поврзани со САД и Израел низ целиот регион, како и објекти во сојузничките земји каде што се стационирани американските сили.
Реакцијата на официјален Техеран следува откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војската на САД не ни почнала да го уништува она што останало од Иран. Во своето последно предупредување до Иран, Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите, па електраните во земјата.
