На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое се гледа како Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијации за кокаин и разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото

На социјалната мрежа Икс денеска се појави видео на кое се гледа директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, како зборува за консумација на дрога. Инаку, Кузмановски е кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на директорската позиција беше поставен во авгсут годинава.
На видеото, Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото.
„Ако е малце измешано одма ти го враќам, ќе ги фрлам, јас не можам со спидо и амфетамини да шмркам бело, само ако не е добро. Сакаш да го пробаш и да кажеш дали е добро“,
му вели Кузмановски на соговорникот во видеото објавено на Икс.

Видеото можете да го погледнете тука.
„360 степени“ се јави кај министерот за здравство Азир Алиу да го прашаме дали го видел видеото и дали ќе преземе нешто во врска со директорот на Клиниката за неврологија. Тој кратко ни одговори:
„Веќе го разрешив“.
Од Министерството за здравство преку соопштение ја потврдија веста и информираа дека во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури.
„Работата на Клиниката продолжува непречено“,
додаваат оттаму.