Пласманот во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите им гарантира на тетовци рекордна заработка, но и најмалку играње во лигашката фаза од Конференциската лига

По синоќешната победа против ФЦСБ, поранешна Стеауа од Букурешт (некогашен освојувач на Лигата на шампионите), македонскиот првак Шкендија е вториот тим во историјата на македонската фудбалска лига кој обезбеди групна фаза во европско натпреварување под УЕФА.
ФЦСБ загуби пред своите гледачи од Шкендија благодарение на головите на Лиридон Латифи и Ване Крстевски, за двојна победа, откако тетовци славеа со 1:0 во Скопје пред една недела.
Пласманот во третото квалификациско коло им гарантира на тетовци рекордна заработка, но и најмалку играње во лигашката фаза од Конференциската лига.
Во третото квалификациско коло Шкендија во Лигата на шампионите ќе игра против азербејџанскиот шампион Карабаг.
Доколку победи во тој двомеч, клубот ќе продолжи во плеј-офот и ќе биде на чекор од пласман во Лигата на шампионите, а при пораз во оваа фаза ќе игра во квалификациите за групната фаза од Лига Европа.
Ако загуби и таму, автоматски следува пласман во лигашката фаза од Конференциската лига.
Дури и да ги загуби сите натпревари понатаму, Шкендија ќе инкасира околу 5 милиони евра. А, со секој освоен бод сумата расте.
Шкендија е вториот македонски клуб кој ќе игра групна/лигашка фаза од европско натпреварување откако Вардар играше во фазата по групи во Лига Европа во сезоната 2017/2018.