Во последното деноноќие Италија регистрираше вкупно 1 071 нов случај на коронавирус, што е за првпат по три месеци.
Вакви бројки, Италија забележуваше во пикот на епидемијата од ковид. Во последните 24 часа починале три лица.
На 12 мај, шест дена по укинувањето на десетнеделниот карантин беа регистрани 1 402 заразени лица.
Од почетокот на епидемијата во Италија со новиот коронавирус се инфицирале над 258 000 луѓе, од кои починале 35 000. Во моментов активни има 17 503 ковид-случаи.