Минатиот петок Финскиот комитет за вонредни состојби јави дека е подготвен да се справи со проблемите во случај Русија да го прекине снабдувањето со природен гас
Откако пред два дена руското комунално претпријатие РА РАО ја прекина испораката на струја кон соседна Финска, неделава можеби ќе биде прекината и испораката на гас.
Финскиот државен снабдувач со гас, компанијата „Гасум“, денеска соопшти дека Финска може да остане без рускиот гас, а како главни причини се сметаат барањето на Москва гасот да го плаќа во рубљи и тоа што официјален Хелсинки денеска поднесе барање за членство во НАТО.
Сепак, „Гасум“ во соопштението наведува дека не добил никакви информации во врска со прекинот на испораката на гас од руската компанија „Газпром експорт“ или руската компанија за пренос на гас, но оти се во тек подготовки во случај Москва да го исклучи гасот доцна во петок или в сабота.
„Ќе продолжиме да се подготвуваме за кризата заедно со своите клиенти и националните власти одговорни за итни снабдувања“,
пишува во соопштението на финската компанија.
Извозот на руски гас во Финска од 1 јануари до 16 март годинава во просек изнесуваше околу 3,2 милиони кубни метри дневно.
Минатиот петок Финскиот комитет за вонредни состојби јави дека е подготвен да се справи со проблемите во случај Русија да го прекине снабдувањето со природен гас.
Photo: EPA/MARKKU OJALA