Според последните информации Кристијан Ериксен кој колабираше на теренот и беше реанимиран е свесен и во стабилна состојба
Фудбалерите на Данска и Финска се вратија на стадионот во Копенхаген да го продолжат натпреварот во рамките на Европското фудбалско првенство, по добрата вест дека Кристијан Ериксен, кој попладнево колабира на теренот е свесен и во стабилна состојба.

Продолжението на натпреварот е закажано за 20:30 часот, откако фудбалерите од двете репрезентации се согласиле на тоа.
Following the request made by players of both teams, UEFA has agreed to restart the match between Denmark and Finland tonight at 20:30 CET.
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 12, 2021
The last four minutes of the first half will be played, there will then be a 5-minute half-time break followed by the second half.
Фудбалерот Ериксен колабира на теренот за време на првото полувреме од натпреварот, додека беше сам во близина на страничната линија. Неговите соиграчи формираа круг за околу него, додека медицинскиот тим го реанимираше.

Тој потоа беше изнесен од теренот, а публиата тоа го поздрави со аплауз. Кусо потоа се појавија фотографии на повеќе светски агенции и медиуми, на кои се гледа дека Ерискен уште додека го изнесувале од теренот, бил свесен, со кислородна маска. Дека неговата состојба е стабилна потврди и УЕФА.

Публиката тоа не можеше да го види, бидејќи неговите соиграчи со чаршав го скрија неговиот соиграч додека на колична беше изнесуван од теренот.

Фудбалерот на Данска Кристијан Ериксен колабира на теренот за време на првото полувреме од натпреварот меѓу Данска и Финска што се играше го Копенхген во рамки на Европското фудбалско првенство.
Ериксен е играч на италијанскиот клуб Интер.