Претседателот на САД изминатата недела се сретна со лидери и претставници од голем број муслимански земји со кои разговараше за ситуацијата во Палестина, која е под интензивирани израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека во тек се интензивни разговори со земјите од Блискиот Исток за да се најде решение за ситуацијата во Појасот Газа.
На социјалната мрежа Трут соушал (Truth Social), Трамп објави дека разговорите ќе продолжат и во наредниот период.
„Интензивните разговори траат веќе четири дена и ќе продолжат колку што е потребно за да се постигне успешен договор. Вклучени се сите земји во регионот“,
наведе Трамп.
Тој изминатата недела се сретна со лидери и претставници од голем број муслимански земји, со кои разговараше за ситуацијата во Палестина, која е под интензивирани израелски напади.
Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изјави дека Трамп им презентирал предлози на лидерите, вклучувајќи мировен план од 21 точка за Блискиот Исток.
Хамас е многу добро запознаен со овие дискусии, а Израел е информиран на сите нивоа, посочи Трамп без да откри детали од дискусиите.