Британската агенција за лекови и медицински производи (МХРА) ја одобри вакцината против ковид-19 на „Фајзер“ и „Бионтек“ за употреба кај деца од 12 до 15 години.
Користа од оваа вакцина и во случајот со децата, нагласила британските регулатори, е поголема отколку ризикот.
„Внимателно ги разгледавме податоците од клиничките испитувања на вакцината кај деца од 12 до 15 години и заклучивме дека вакцината на ’Фајзер‘ и ’Бионтек‘ е безбедна и ефикасна за оваа возрасна група“,
изјави извршната директорка на МХРА, Џун Рејн.
Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ претходно веќе ја одобрија и САД и ЕУ.
- САД дозволија деца над 12 години да се вакцинираат со „Фајзер“
- Европската агенција за лекови ја одобри употребата на „Фајзер“ за деца над 12 години
Дел од европските земји веќе започнаа и со вакцинирање на децата. Меѓу првите, кон крајот на мај, беше Романија, а неколку дена подоцна и Италија започна со вакцинација на деца.
- Романија започна со вакцинирање на деца – ја користи вакцината на „Фајзер“
- Италија почнува вакцинација и на деца над 12 години
Од друга страна, пак, Светската здравствена организација (СЗО) досега неколкупати бараше вакцинацијата на деца да не биде приоритет туку богатите земји да ги споделат вакцините со посиромашните.
Во последните изјави, експертката на СЗО за вакцинација, д-р Кејт О’Брајан, потенцираше дека децата не се изложени на ризик да се разболат сериозно или да починат од ковид-19.