Две интервенции се направени со методата ДМЕК – најдовремена техника со која се трансплантира само еден микронски слој на рожницата, што првпат се изведе во нашата земја. Останатите седум се пенератрантни кератопластики (ПРК), што се направија првпат во јавното здравство по половина век
Министерството за здравство денеска соопшти дека по првпат во земјава се извршени трансплантации на рожница. На Клиниката за очни болести се изведени вкупно девет трансплантации на рожница под менторство на медицинска делегација од Универзитетот Дјук од Соединетите американски држави (САД), една од водечките институции во клиничката медицина.

Од изведените интервенции, споредн медицинска индикација, две се направени со методата ДМЕК – најдовремена техника со која се трансплантира само еден микронски слој на рожницата, што првпат се изведе во нашата земја. Останатите седум се пенератрантни кератопластики (ПРК), што се направија првпат во јавното здравство по половина век.
Трансплатациите се реализирани од тимот на Универзитетската клиника за очни болести во состав на директорката на Клиника за очни болести, доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов, насл. доц. д-р Христијан Дума, прим. д-р Бисера Велковска, асс. д-р Ана Трпеска Бошкоска; анестезиолозите д-р Катерина Аспроска Блажевска и д-р Ангелина Трајчевска; анестетичар Канита Арифи, како и медицинските сестри и инструментарки дипл. мс. Билјана Трајчева, мс. Тамара Тасевска, дипл. мс. Суреја Идризи, дипл. мс. Марина Трајковска и целиот персонал на клиниката.

Според националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, почетокот на ова поглавје е резултат на едногодишната, темелна и посветена подготовка, почнувајќи од националната листа на чекање, усогласување на протоколите и административните процедури, до создавање партнерство до Универзитето Дјук.
„Веруваме дека нашата земја има потенцијал за современа трансплатација на рожници, а тоа го покажуваме и со првите успешни трансплатации“,
вели таа.

Директорката на Клиниката за очни болести, доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов вели дека ова претставува чекор напред за нашето здравство и за пациентите што имаат потреба од ваков вид високо-специјализиран третман.
Делегацијата од Универзитот Дјук, составена од проф. д-р Лоид Вилијамс, асс. д-р Ник Гарсон и д-р Шена Сонг во рамки на посетата е примена и од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу.
