Од денеска Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка, нешто што се бара веќе долго време. Овие предлози се поддржани од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „криптопретседател“ и ги повика пратениците да ги променат регулативите во корист на индустријата
Биткоинот првпат надмина 120 000 долари, што претставува значајна пресвртница за најголемата криптовалута во светот.

Со ова, инвеститорите се надеваат на долгоочекувани политички потези во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела.

Така, најголемата криптовалута во светот последен пат се тргуваше во пораст од 3,9 отсто на 122 467 долари, а накратко достигна рекордно ниво од 122 562 долари.
Зголемувањето на вредноста на биткоинот за 29 отсто од почетокот на годината поттикна поширок раст кај другите криптовалути во текот на изминатите неколку недели.
Етериумот, втората најголема криптовалута според пазарната капитализација, денеска го достигна највисокото ниво во последните повеќе од пет месеци – 3 048 23 долари.
Од денеска Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка, нешто што се бара веќе долго време. Овие предлози се поддржани од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „криптопретседател“ и ги повика пратениците да ги променат регулативите во корист на индустријата.
Инаку, растот на биткоинот поттикна оптимизам во индустријата за втората половина од 2025 година.
Според новото истражување на аналитичарите за криптовалути, се очекува просечната цена да достигне 145 167 долари до крајот на годината.
Анкетата објавена од платформата за финансиска споредба „Финдер“ ја пополнија 22 водечки експерти што предвидуваат дека биткоинот би можел да достигне 458 000 долари до крајот на деценијата.