Од обработени 60,27 отсто од избирачите, односно 64,16 отсто од избирачките места, најголемата опозициска партија има добиено 237 813 гласа, додека нивниот главен опонент, СДСМ, досега има 81 134 гласа
ВМРО-ДПМНЕ има предност од речиси три наспрема еден пред СДСМ, според досегашните резултати од парламентарните избори објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија.
Од обработени 60,27 отсто од избирачите, односно 64,16 отсто од избирачките места, најголемата опозициска партија има добиено 237 813 гласа, додека нивниот главен опонент, СДСМ, досега има 81 134 гласа.
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ има освоено 95 578 гласа, а коалицијата „Вреди“ 78 193 гласа.
