На второ место е Комунистичката партија со 19,28 проценти, потоа Либерално-демократската партија на Русија, која освои 7,55 проценти, Само Русија со 7,37 проценти и Новата народна партија со 5,37 проценти, пренесе агенцијата ТАСС.
Оние пет партии што го поминаа прагот од пет проценти ќе влезат во парламентот
Партијата Единствена Русија на претседателот Владимир Путин освои 49,42 проценти од гласовите на парламентарните избори, откако беа преброени 80,1 проценти од гласачките ливчиња, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК).
На второ место е Комунистичката партија со 19,28 проценти, потоа Либерално -демократската партија на Русија, која освои 7,55 проценти, Само Русија со 7,37 проценти и Новата народна партија со 5,37 проценти, пренесе агенцијата ТАСС.
Оние пет партии што го поминаа прагот од пет проценти ќе влезат во парламентот.
Партијата на растот не го помина цензусот со 2,53 проценти, Граѓанската платформа освои 1,33 проценти, Јаблоко со 1,1 проценти и другите партии кои добија помалку од еден процент од гласовите.
Ова се резултатите за 225 пратеници на Државната дума кои се избираат според пропорционалниот систем, односно преку листи, додека останатите 225 членови на долниот дом на парламентот ќе бидат избрани по мнозински принцип, по индивидуален натпревар на кандидати.
Александар Турчак, високорангиран функционер во Еинствена Русија изјави дека неговата партија освоила двотретинско мнозинство, односно 315 мандати од 450, што и овозможува да има уставно мнозинство.
Изборите за Државната дума се одржаа во Русија од 17 до 19 септември. Се избира новиот состав на Думата за следните пет години во која има 450 члена, како и неколку нови регионални и градски администрации.
Комунистичката партија на Русија, втора најсилна во земјата, невладините организации и независните медиуми објавија многубројни нерегуларности на парламентарните избори. Групата за набљудување на изборите „Глас“, исто така, посочи на злоупотреби, вклучувајќи купување гласови и слаби мерки за контрола на гласачките ливчиња на избирачките места.
Рускиот претседател Владимир Путин гласаше по електронски пат бидејќи е во изолација поради големиот број луѓе заразени со коронавирусот во неговата околина.