Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека во следните денови ќе преовладува променливо облачно време, со ветер и повремени врнежи од дожд. Попладнево, пак, во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер
Граѓаните, кои од вчера од 11 часот се затворени дома поради полицискиот час, утре по неговото завршување во 5 часот наутро, ќе ги дочека нестабилно време.
„Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, максималната од 14 до 21 степен. Слично време нѐ очекува и в среда – променливо облачно и нестабилно време. Исто така и ветровито ќе биде во наредните денови“,
вели за „360 степени“ дежурниот синоптичар Јулијана Фиданоска.
